Вака го правеле и пред 50 години! Рецепт за кремаст и сочен сутлиаш!

Фото: Принтскрин

Викендот е супер време за да ги изненадите вашите најблиски со некој симпатичен десерт – затоа ви препорачуваме да ги следите овие неколку лесни чекори и за брзо ќе го добиете највкусниот сутлијаш!

Состојки:

  • 100 г ориз
  • 750 мл млеко
  • 4-5 лажици шеќер (одлучете вие колку сакате да биде сладок)
  • малку ванилин шеќер или екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • кора од лимон, цимет или рендани јаткасти плодови (по желба, за декорација)
Приготвување:
  • Сварете го оризот во вода три минути (промешувајте од време на време за да не се залепи на дното), а потоа исцедете го.
  • Следно ставете го млекото во сад за варење. Во млекото додајте прстофат сол и ставете ги да зовријат.
  • Додајте го оризот и загревајте на тивок оган додека оризот не го впие млекото, но немојте да мешате.
  • Во варениот ориз додајте го шеќерот и внимателно промешајте за да ви останат зрната цели.
  • Сутлијашот сега би требало да е готов. Оставете го да се олади пред да послужете, и декорирајте по желба со некоја од горенаведените намирници. На здравје!

Совет плус: Ако имате потешкотии да ги убедите вашите деца или генерално најмладите да го пробаат овој уникатен пудинг од ориз (десертот веќе звучи попримамливо, нели?), додајте еден ред од било кое чоколадо кое ви се допаѓа, при што десертот ќе добие чоколадна боја и вкус, а кој може да одолеее на тоа?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот