Вагоните во Индија се претвораат во карантини за изолација на заразени со коронавирус

Во Индија некои железнички вагони ќе бидат адаптирани во изолациски единици за пациенти заразени со коронавирус, во период кога властите во оваа земја се подготвуваат за пораст на бројот на заразени.

Индиската железница денеска соопшти дека еден вагон е претворен во карантин кој ќе биде користен.

Планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот. Се уште не е познато по колку лица ќе бидат сместени во вагоните.

Во Индија се прекинати железничките линии, поради што голем број работници кои патуваат од селата во градовите со воз останаа без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот