УЖАСНО: Хрват брутално претепал бремена жена во Сиднеј (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Бремената Рана Еласмар (31) била брутално нападната од Стипе Лозина (43) во кафуле во Сиднеј.

Рана, која инаку е во 38-та недела од бременоста, вечерала со пријателките кога била нападната од насилник, за кого се претпоставува дека има хрватско потекло. Лозина како што се гледа на снимките од надзорните камери, мирно пристапил, нешто зборел, а потоа со тупаници ја претепал жената. Ја удрил во главата околу 14 пати.

При ударите, тој ја навредувал на национална и верска основа.

„Тој викаше дека муслимани ја силувале неговата мајка“, рекла таа.

Како што навел мажот на Рана, таа ретко излегува, но кога пријателките ја повикале, таа одлучила да се види со нив, додека тој останал дома да ги чува децата.

Лозина побарал од судијата да го пушти на слобода со кауција, но тоа било одбиено. Пред судот би требал да се појави на 5 декември, а дотогаш ќе остане позади решетки.

Лозина веќе има големо криминално досие, како што наведува австралиската полиција. Повредената жена во меѓувреме била пуштена од болница, но има многу модринки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот