Ужасна трагедија: Загина најпознатиот француски актер, скијањето се претворило во хорор

Фото: Инстаграм

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој глуми во претстојната серија на „Марвел“ – „Moon Knight“, загина денеска во скијачка несреќа на Алпите, објави новинската агенција АФП. Актерот имаше само 37 години.

Улиел, добитник на престижната награда Цезар, скијал кога на раскрсницата меѓу двете патеки се судрил со друг скијач и се здобил со сериозна повреда на мозокот. Со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што починал еден час подоцна. Локалните власти отворија истрага за несреќата, наведува АФП.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaspard Ulliel (@gaspard_ulliel)

Неговото семејство ја потврди смртта на младиот актер во изјава дадена за АФП од неговиот агент.

Гаспар во вторникот скијал без кацига на одморалиштето Розиер на Алпите, па се забил во друг скијач на раскрсницата на две сини патеки. Тој се здобил со тешка повреда на главата и бил хоспитализиран во Гренобл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaspard Ulliel (@gaspard_ulliel)

Улиел беше еден од најпознатите француски актери и работеше со познати филмски творци во Франција и во странство.

Тој исто така го играше полноќниот човек во долгоочекуваната серија на „Марвел“ -„Moon Knight“.

Младиот актер беше многу почитуван и беше познат по тоа што беше многу артикулиран, елегантен и друштвен. За време на неговата успешна кариера, тој освои голем број награди, меѓу кои две награди Цезар, во 2005 година со „Многу долг ангажман“ и во 2017 година со „Тоа е само крај на светот“.

Улиел го играше младиот Ханибал Лектор во филмот „Hanibal Rising“ од 2007 година и модниот магнат Ив Сен Лоран во биографскиот филм „Сен Лоран“ од 2014 година.

Актерот исто така беше баран модел. Тој беше заштитно лице на парфемот „Bleu de Chanel“  на модната марка „Шанел“.

Улиел зад себе ги остави својот шестгодишен син Орсо и својата девојка Гаела Петри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaspard Ulliel (@gaspard_ulliel)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот