Ужас во Шведска: Дванаесетгодишно девојче настрада при престрелка, ја погодил залутан куршум

Шведска полиција /Фото: Профимедиа

Заради смртта на 12-годишно девојче, кое загинало откако ја погодил залутан куршум, во Шведска повторно се кренале расправии за спречување на насилството на локалните банди.

Според информациите на медиумите, неименуваното девојче било убиено во неделата за време на престрелка која се случувала близу бензинска станица. Истрагата е во тек.

Нема повеќе официјални информации за тоа што се случувало, но локалните медиуми известуваат дека наоружаните лица пукале по двајца членови на криминални банди и дека немале намера да го погодат детето, пишува Би-Би-Си.

„Тоа не смее да се повтори. Настрада девојче од 12 години“

Граѓаните вчера на местото на настанот поставиле цвеќиња и свеќи, а некои од нив повикале на позасилени акции против насилството на бандите.

„Тоа не смее да се повтори. Настрада девојче од 12 години“, рекла една жена за агенцијата АФП.

Шведска минатата година најави дека воспоставила посебна работна група за борба против насилството меѓу бандите. Полицијата доби дополнителни надзорни овластувања, а зголемени се казните за злоупотреба на дрога и оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот