Ужас во Сараево: Ја убил сопругата со нож и чекан

Фото: telegraf.rs

Медиумите во БиХ јавуваат за апсење на маж во сараевската населба Подхрастови под сомнение за убиство на сопругата. Порталот klix.ba неофицијално дознава дека жртвата била усмртена со нож и чекан.

Убиството било пријавено во сараевската полиција околу 10.50 часот, по што кон местото на настанот се упатиле неколку полициски тимови, итна помош и форензичари.

– Убиена е жена. а лицето кое е осомничено дека го извршило кривичното дело е уапсено, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ за klix.ba.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот