Ужас во Хрватска: Маж ја убил сопругата и мајка си, па се самоубил

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Во хрватскиот град Велика Горица утрово нешто по 10 часот се случило страшно злосторство. Маж ја убил мајка си во семејниот дом, а потоа тргнал по сопругата која ја убил со пушка во продавница, јавуваат хрватските медиуми. Откако избегал и се затворил во семејната куќа, тој се самоубил.

Граѓаните на Велика Горица останаа шокирани по застрашувачкиот злочин. Во потполно лудило, бос и во долна облека, со пушка во рака, мажот влегол во продавницата, откако сопругата која панично бегала од него барала помош, а тој потоа ја убил и побегнал.

На терен го барале голем број полицајци. Поради ова, сообраќајот бил затворен на улицата Загребачка во правец кон Загреб, а по кратко пребарување бил лоциран во семејната куќа.

Куќата веднаш била опколена од припадници на полицијата и специјалците, а кога видел дека нема спас, убиецот решил да си го одземе животот. При влегувањето во куќата, припадниците на полицијата пронашле уште едно тело на постара жена, која била неговата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот