Усвоени измените на законите за наставници и за учебници

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Владата денеска на седница ги усвои измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и во средните училишта и измените на Законот за учебници.

Како што стои во соопштението од Владата, со измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници.

Додека, пак, преку измените на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел спречување на влез на дискриминирачки содржини а се обезбедува и дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.
Измените беа утврдени на предлог на Министерството за образование и наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот