Уставен суд ќе одржи седница, на дневен ред осум иницијативи за оценување на уставност

Уставен суд табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 44. седница, на која е предвидено да се дискутира за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост.

На дневен ред е иницијативата со која е оспорен член 11 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и другите избрани именувани лица.

Во иницијативата, која е поднесена од Здружение на граѓани Заштита од дискриминација за давање на правна помош на дискриминирани лица Виница, претседател Коле Илијев и од Славица Илиејва, се наведува дека оспорената одредба е противуставна, дискриминаторски поставена во однос на пресметката на плата и другите надоместоци на останатите граѓани како лица во работен однос, односно не ги става во еднаква положба во правата во однос на другите граѓани.

На дневен ред е и иницијативата со која е оспорена Одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – село Дејловце, објавена во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр. 6/2023 од 3 април 2023 година.

Подносител е Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на општина Старо Нагоричане. Подносителот ја оспорува одлуката донесена од страна на Советот на Општина Старо Нагоричане која се однесува на доделување на 50.000 денари месечно, во период од 6 месеци за субвенција на јавен линиски превоз. Тој наведува дека Советот фаворизирал еден приватен субјект без да даде можност за еднаква распределба на средствата од буџетот на Општина Старо Нагоричане на сите заинтересирани субјекти од истата област. Наведува дека одлуката е незаконска бидејќи нема соодветни услови за распределба на средствата и затоа не се потпишал како заменик-градоначалник на општината.

Како последна точка на дневниот ред е „Автентично толкување на општи акти и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр. 07-1330/5 од 23.05.2012 година“. Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот