Усташки пораки испишани на училиште во Сплит: Убиј Србин!

Усташки графити утрово осамнаа на зградата на основно училиште во Сплит.

На предниот дел на зградата на основно училиште во Сплит утрово се појавија усташки симболи, вклучувајќи и директни  пораки на омраза упатени кон Србите, пренесува Далматински портал.

„И без врба не е важно, ќе ве обесиме на дрвјата од бреза. Убиј Србин“  е содржината на еден од графитите.

Покрај графитите што го величат усташкото движење,  напишани се и пораки кои ја навредуваат полицијата.

Надлежните изјавија дека ќе ги избришат графитите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот