Унгарија подготвува 27 милијарди евра за живнување на економијата

Унгарија се подготвува да објави скоро 27 милијарди евра пакет мерки за кревање на економијата, што се лизна како резултат на појава на коронавирусот, изјави денес висок владин претставник.

Парламентот, во кој владејачката партија Фидес има силно мнозинство, му даде на премиерот Виктор Орбан целосен авторитет за декретите за коронавирус, притоа игнорирајќи ги предупредувањата од опозицијата и правните групи да постави временска рамка за тие дополнителни овластувања.

Орбан, кој е на власт веќе една деценија, го објави најголемиот економски пакет во историјата на земјата за да ги одврати економските ефекти од пандемијата, што веќе доведоа до десетици илјади отпуштања.

Создаден е и посебен фонд

Премиерот се очекува да ги воведе мерките во понеделник, откако владата ќе ги одобри, рече неговиот началник на кабинетот Гергели Гулијас на прес-конференција. Народната банка на Унгарија ќе ги објави чекорите откако ќе се состане нејзиниот монетарен совет за да одлучи во вторник.

Гулијас рече дека вкупниот пакет ќе изнесува 18-22 проценти од БДП на Унгарија, што е приближно 27 милијарди евра.

Владата издаде мораториум за сите отплати на заемот на корпорациите и домаќинствата оваа година, а централната банка изнесе низа чекори за да им обезбеди на банките ликвидност.

Исто така, создаден е посебен фонд од скоро 2 милијарди евра за да помогне во борбата против коронавирусот

Унгарската економија забележа раст од 4,9 проценти минатата година, но неколку аналитичари предвидуваат рецесија оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот