Улјанов: Брз напредок на Русија и САД во преговорите за новиот СТАРТ

Москва и Вашингтон прават брз напредок во преговорите за продолжување на новиот договор за контрола на нуклеарното оружје, изјави високиот руски дипломат Михаил Улјанов.

Рускиот амбасадор во меѓународните организации во Виена рече дека Русија и Соединетите Американски Држави „прават извонреден и брз напредок” во преговорите за продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје.

„Постојат добри причини да се очекува дека релевантниот договор наскоро ќе стане реалност”, напиша Улјанов на Твитер.

Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден предложи продолжување на новиот договор СТАРТ за уште пет години, а Кремљ веднаш ја поздрави понудата.

Договорот СТАРТ беше потпишан во 2010 година, а ќе истече на 5 февруари оваа година. Тој предвидува дека Русија и САД не смеат да имаат повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави и 700 ракети и бомбардери, како и опсежни теренски инспекции за да се утврди почитувањето на договорот.

Русија долго време предлагаше продолжување на договорот без никакви услови и промени, но администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп чекаше до минатата година да започне преговори, додека продолжувањето беше условувано со низа услови. Двете страни не успеаја да ги надминат разликите дури и по неколку месеци подготовки за преговори, чиј почеток постојано се одложуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот