Украинците тврдат дека ја повратиле контролата врз четири нафтени платформи во Црното Море

Црно Море/ Фото EPA/ERDEM SAHIN

Украинците тврдат дека успешно ја повратиле контролата врз четири платформи за дупчење гас и нафта во северниот дел на Црното Море, во близина на полуостровот Крим.

Снимката од операцијата, за која Украина тврди дека се случила минатиот месец, покажува како специјалните сили ја отстрануваат руската воена опрема.

Русија ја презеде контролата врз така наречените Бојко кули во 2015 година, набргу откако го анектираше Крим.

Битката за контрола на овие стратешки води трае од минатата година.

На видеото објавени од воената разузнавачка служба на Украина, под наслов „Битка за морето“ се гледаат чамци на надувување кои превезуваат тимови на украински специјални сили и поминуваат во близина на Змиски Остров, што беше заземен од руските војници на првиот ден од војната минатата година.

Потоа се гледаат како војници се качуваат на една од платформите и ги отстрануваат руските резерви, како и радарска опрема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот