Украина ќе го ангажира Славен Билиќ за дуелот со Македонија во квалификациите за ЕП 2024?

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Поранешниот хрватски селектор, Славен Билиќ е еден од кандидатите да седне на клупата на украинската фудбалска репрезентација.

Оваа информација ја објави еден од најпознатите новинари за трансфери, Фабрицио Романо кој тврди дека Билиќ е доста ценет во Украинската фудбалска федерација.

Доколку наскоро дојде до промена на селекторската функција на Украина на која моментно е Руслан Ротан, главните луѓе на федерацијата би можеле да преговаат за нов кормилар.

Украинците ги стартуваа квалификациите за Европското првенство 2024 со пораз од Англија на гости (2:0), а се наоѓаат во група со Италија, Македонија и Малта.

Токму македонската А селекција е следниот ривал на Украина во квалификациите на 16 јуни во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Да потсетиме дека Билиќ поради лошата серија на резултати само пет месеци беше менаџер на Ватфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот