Украина ја обвини Русија за нов напад врз цивили кај Харков

Харков
Харков / Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Гувернерот на регионот Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили денеска гранатирале цивилен евакуациски конвој на североистокот на земјата, во кој загинале 20 лица.

Бомбардирањата се интензивираа откако Москва незаконски анектираше дел од украинската територија во оваа осуммесечна војна.

Сињехубов кажа дека конвојот бил гранатиран во областа Купианси, нарекувајќи го нападот врз луѓето кои се обидувале да побегнат од областа „суровост што не може да се оправда”.

Руските сили ниту го признаа, ниту го коментираа нападот, втор во последните два дена што погодува хуманитарен конвој.

По украинската контраофанзива од минатиот месец руските трупи се повлекоа од поголемиот дел од регионот Харков, но продолжија да го гранатираат ова подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот