УХМР: Ноќеска облачно со повремени врнежи од снег

Снег / Фото: EPA-EFE/BALAZS MOHAI HUNGARY OUT

Времето до крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Врнежите, како што соопштија од УХМР, во вечерните часови ќе минат во снег и во јужните делови. Ќе дува засилен северен ветaр.

Во Скопската котлина во текот на ноќта врнежите ќе престанат и ќе дува умерен до засилен северен ветaр.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во четврток, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови.

Како што претходно информира ЈП „Македонија пат“, укинати се забраните за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин „Стража“ и на патниот правец Гостивар – Маврово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот