УХМР: Нивоата на езерата непроменети, пад на водостојот на реките

Нивоата на Охридското, на Преспанското и на Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостојот на Преспанското Езеро, како што информираат од УХМР, за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Пад на водостојот во однос на вчерашниот ден се бележи кај поголем дел од реките во земјава. Пониско е нивото на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска, на Лепенец, на Пчиња, на Крива Река, на Бабуна, на Струмица, на Црна Река, на Сатеска и на Радика.

На исто ниво како вчера е само водостојот на Брегалница кај Берово. Зголемување има само кај реката Вардар, кај Јегуновце, каде денеска се измерени 140 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот