Убиецот на Џон Ленон нема да биде пуштен на условна слобода: Се осигурав куршумите да го убијат!

На 8 декември 1980 година, околу 22.50 пред њујоршкиот хотел „Дакота“, одекнале пет истрели. Четири смртно го раниле, а по 25 минути во болницата „Рузвелт“ Џон Ленон и официјално бил прогласен за мртов.

Пиштолот на убиецот и книгата „Ловец во житото“ која ја држел во рацете, паднале на земјата, а според реченицата која убиецот тогаш ја изговорил, „Само што го застрелав Џон Ленон“ („I just shot John Lennon“), групата „Кренберис“ наслови една песна.

40 години по смртта на членот на „Битлси“, на убиецот на Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по 11-ти пат му е одбиено барањето за условно пуштање од затвор, и ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условно ослободување.

Џон Ленон и Јоко Оно со нивниот син Џулијан Ленон

„Пред 30 години не можев да кажам дека чувствувам срам, но сега знам што е срам“, рекол Чепмен на сослушувањето во 2018 година, кога по десетти пат му беше одбиено барањето за пуштање на условна слобода.

На сослушувањето ги прераскажал случувањата од 8 декември 1980 година, кога добил автограм од Ленон, а го убил неколку часа подоцна. Рекол дека се борел со одлуката дали да го убие или не, со оглед на тоа што Ленон бил љубезен кон него.

Марк Дејвид Чепмен/Profimedia

– Бев премногу обземен од таа идеја. Се сеќавам дека помислив: „Еј, доби автограм на албумот, ти го потпиша, само оди си дома“. Но немаше шанси само така да си отидам дома – рекол Чепман.
Употребил шупливи куршуми кои се посмртоносни од обичните.

„Се осигурав куршумите да го убијат. Веднаш по злосторството бев загрижен дека не страдаше“, додал Чепмен.

Чепман беше осуден на доживотна казна затвор со можност за пуштање на условна слобода по 20 години служење на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот