Уапсени илегалци кај „Блато“

Албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56) се уапсени во близина на граничниот премин „Блато“ при обид илегално од Република Македонија да влезат во родната Република Албанија.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени вчера околу 12:40 часот кај место викано „Кривска крстосница“. Двајцата биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот