Уапсени двајца малолетници од Скопје осомничени за тешки кражби во Кавадарци и Велес

Вчера полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг  продажен објект, одзеле од касата пари. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба” во обид.

Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот