У21: Надежите во битка за второто место против Израел!

У21 надежите во Охрид ќе ги одмери силите против Србија/Фото: ФФМ

Да, главниот фокус е на сениорската репрезентација во Тбилиси, но да не заборавиме дека и У21 надежите денеска играат нов натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Шансите за учество на континенталниот собир станаа само теоретски за избраниците на селекторот Благоја Милевски, во последните два меча месецов ќе се обидат со нови добри резултати да заокружат еден успешен квалификациски циклус.

Вечерва од 18.30 часот младата македонска репрезентација во Нетанја против Израел ќе го игра деветтиот натпревар од квалификациската група „6“. Победниците од сите квалификациски групи одат директно на Европското првенство, како и пет најдобровторопласирани, а на таа мини табела не котираме добро, моментно сме на деветтата позиција.

Фото: принтскрин/flashscore.com

На првиот меѓусебен меч во Скопје одигравме нерешено 1:1 кога практично во последните моменти со погодокот на Атанасов дојдовме до бод. Милевски се надева дека ќе се заокружат овие квалификации со натпревари во кои ќе се прикаже добра игра и секако ќе се бара победа.

– Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа – вели селекторот на Македонија до 21 година, Милевски.

Шпанија која веќе е на ЕП води со 22 бодови, пред Македонија со 14, Израелците се третопласирани со 12. На четвртото место е Казахстан со 10, Црна Гора има седум, Фарските острови на дното со шест.

На 17 ноември го имаме последниот дуел на домашен терен против црногорските фудбалски надежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот