У17: Македонските фудбалерки ја запишаа и втората победа на квалификациите за ЕП во Драч

фото: ФФМ

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа уште една многу значајна победа во рамките на квалификацискиот турнир што се одржува во Драч, Албанија.

Македонија славеше минимална победа против Косово со 2:1 во второто коло од квалификациите (Лига Б) за пласманна Европското првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Избраничките на Катерина Милеска имаа негатива од еден погодок, но успеаја да направат комплетен пресврт и да остварат победа, со која се искачија на првото место во групата.

Селекцијата на Косово одлично го започна натпреварот, Паци рано уште во седмата минута донесе предност за својот тим. Митковска најпрво во 35 минута погоди за израмнување на резултатот, а во 45 стрелаше за предност и победа на Македонија со 2:1.

Во првото коло ја совладаа селекцијата на Албанија, домаќинот на овој турнир со убедливи 5:2. На 24 октомври во последното коло играме против репрезентацијата на Молдавија која загуби со 9:0 на стартот против Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот