„Твоја партија“: Здравствено профитерство врз грбот на граѓаните, приватните болници да се вклучат во борбата со ковид-19 по референтни цени на товар на ФЗО

„Твоја партија“ преку соопштение се обраќа до Владата во кое бара итно вклучување на приватните болници во борбата со ковид-19 пандемијата, согласно Уредбите донесени со законска сила и владината одлука на 23 и 30 март оваа годинава, во услови во кои државните болници се соочуваат со исполнети капацитети и се бара легло повеќе за тешко заболените.

– Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи, кои вршат дејност за интензивна нега и терапија, ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи, за укажување на здравствени услуги на пациенти заболени од коронавирус. Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на Република Северна Македонија склучува договор со кој ќе ги договори обемот и видот на здравствените услуги кои здравствената установа од став 1 на овој член ќе ги врши во периодот на важењето на оваа уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување, потсетуваат од „Твоја партија“ на владината одлука.

Врз основа на овие уредби и изјавите на министерот Венко Филипче, од „Твоја партија“ ја нагласуваат потребата од неодложно ставање во функција на сите капацитети на приватните установи во функција на граѓаните, а државата да го преземе финансирањето под референтни цени од ФЗО.

– Потсетуваме дека Уредбите се со важност до 31.12.2020 и бараме итно спореведување на истите, се вели во дописот на „Твоја партија“.

Со истите Уредби, нагласуваат од „Твоја партија“, беше донесена одлука тестирањето со ПЦР методата за детекција на коронавирусот и во јавните и во приватните лаборатории да се врши на товар на ФЗО преку „Мој термин“.

– Го потсетуваме министерот за здравство Венко Филипче дека истиот ден на прес-конференција кажа: заврши и анализата, посетата на стручната комисија на приватните лабаратории. Сакам да кажам дека со нивното вклучување, согласно договорите кои што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми. Сите кои треба да се тестираат или се лекуваат од оваа болест, трошокот оди на сметка на Фондот за здравствено осигурување, го потсетуваат од „Твоја партија“ ресорниот министер.

Во случај да продолжи неприменувањето на овие Уредби, се остава голем простор за сомнеж дека во услови на пандемија и најголема криза, се прави здравствено профитерство брз грбот на граѓаните.

– Укажуваме дека согласно Уставот и Законите, не смее да има дискриминација на пациентите по ниту еден основ. Истовремено, ги повикуваме истражните органи и инспекциските служби да излезат на терен и да ги проверат сите овие индиции, кои евентуално би спречиле нечие неосновано богатење врз маката на граѓаните, порачуваат од „Твоја партија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот