Твитер блокира десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција

Твитер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Компанијата „Твитер” соопшти дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.

Сите овие сметки се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користат за научни цели.

Кинеската мрежа на сметки се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, „измамнички” теории за ситуацијата во Хонг Конг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.

Како што е наведено во соопштението, руските профили служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на нејзините критичари.

Турските сметки, пак, биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот