„Туркиш ерлајнс“ откажа над 200 летови поради очекуваното снежно невреме

„Туркиш ерлајнс“ откажа речиси 240 летови во следните неколку дена поради предвиденото невреме, придружено со снежни врнежи.

Се очекува да се зголеми бројот на откажани летови на турскиот национален авиопревозник. Од досега откажаните летови, 72 се домашни, а 166 меѓународни.

Во соопштението се наведува дека одлуките за откажување се донесени во согласност со заклучокот на Метеоролошкиот комитет за вонредни состојби (МАДКОМ), а граѓаните се предупредуваат да го проверат статусот на нивните летови пред да пристигнат на аеродромот, пишува истанбулскиот весник „Дејли Сабах“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот