Туристите на Црното Море сакаат само чадор, ги бркаат од плажа ако не е со лежалка

Црно Море/ Фото EPA/ERDEM SAHIN

Министерството за туризам соопшти дека започнува засилени и ненадејни контроли на плажите на Црното Море за изнајмување на чадори и лежалки во платените области, пренесе БНР.

Причина за акцијата бил скандалозен случај од северниот брег на Црното Море. Бугарските туристи биле исфрлени од плажата затоа што сакале да користат само чадор и да платат само за него, а не со лежалка. А на цената јасно пишувало дека нудат комплет чадор и две лежалки за 30 лева и само чадор за 10 лева. Случајот го пријавиле на платформата „Ние корисниците“ на Фејсбук на 2 август.

„Присилувањето на туристите задолжително да изнајмуваат комплет чадори и лежалки е проблем што го набљудуваме со години, со различен интензитет. Затоа на почетокот на сезоната ве потсетивме дека е нелегално. Трговците мора да знаат дека ова не е во ред“, коментира основачот на онлајн платформата „Ние корисниците“ Габриела Руменова.

Таа прецизираше дека без разлика дали трговецот посочил вкупна цена за комплет додатоци за плажа што ги предодредил или дал преглед на секој од атрибутите, се додека не дозволува да се изнајмуваат одделно, ова е агресивна нефер практика во смисла на Законот за заштита на потрошувачите, објави „24Часа.бг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот