Турција не размислува за повлекување на трупите од Идлиб

Руско – турски патроли од 15 март ќе воспостават безбедносен коридор на автопатот М4.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар соопшти дека турското воено присусто во Идлиб  продолжува и дека не доаѓа предвид повлекување на сили од Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на 5 март во Москва разговараа за договор на прекин на огнот и серија други мерки за стабилизација на ситуацијата во Идлиб, а од 15 март почнуваат со заедничко патролирање по автопатот М4, по чија должина ќе биде поставен безбедносен коридор.

Москва и Анкара ја повторија својата посветеност за почитување на сирискиот суверенитет, и се согласија да ја продолжат војната против тероризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот