Турција: Намален бројот на мигрантите кои преку море пристигнуваат во Европа

EPA/KAY NIETFELD

Во рамки на борбата против нерегуларната миграција, во првите четири месеци во 2019 година во Турција биле фатени 79.002 нерегуларни мигранти. Бројот на странците кои поминувајќи преку морињата пристигнале во Европа, се намали за 17,6%, додека бројот на депортирани нерегуларни мигранти се зголеми за 34%.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција се наведува дека од безбедносните мерки преземени на море и копно за борба против нерегуларната миграција се добиваат позитивни резултати.

Според податоците на Генералната дирекција за миграција, во периодот од 1 јануари до 25 април биле фатени 79.002 нерегуларни мигранти, меѓу кои 32.942 Авганистанци, 11.691 Пакистанец и 6.432 Сиријци.

Според Агенцијата „Анадолу“, во првите четири месеци во оваа година, во споредба со истиот период минатата година, бројот на фатени нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан се намали за 14%, додека со потекло од Сирија се намали за 55%.

Бројот на фатени нерегуларни мигранти фатени низ Турција се намали за 2,44%.

Исто така, бројот на депортирани нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан се зголеми за 70%, со потекло од Пакистан 79%, додека бројот на депортирани нерегуларни мигранти со потекло од други земји се зголеми за 34%.

Благодарение на преземените интензивни безбедносни мерки, намален е бројот на лицата кои се обиделе да преминат во Европа, користејќи ја рутата преку Турција.

Бројот на нерегуларни мигранти кои преку море пристигнаа во Европа во првите четири месеци минатата година изнесуваше 8.332 лица, додека  во првите четири месеци од 2019 година оваа бројка изнесуваше 6.864 лица.

Според тоа, бројот на нерегуларни мигранти кои преку море преминале во Европа, намален е  за 17,6%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот