Турција предлага на Ердоган да му се даде Нобеловата награда за мир

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Претседателот на турскиот парламент, Мустафа Шентоп, објави дека го номинирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на кризата во Украина.

„Го номинирав претседателот Ердоган за Нобеловата награда за мир поради неговите напори да воспостави мир меѓу Русија и Украина“, изјави Шентоп за весникот „Стар“.

Од почетокот на војната во Украина, Турција постојано учествуваше како посредник меѓу Русија и Украина, а со нејзините дипломатски напори беа постигнати неколку договори за извоз на украинското жито преку Црното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот