27.8 C
Скопје

Тухел: Заслуживме да победиме и да играме во финалето

Томас Тухел за само три месеци откако доби отказ од ПСЖ, направи вистинска револуција во Челси, создаде фудбалска машинерија која гази се пред себе на сите фронтови.
Последниот успех на Тухел и неговите фудбалери е пласманот во финалето во Лигата на шампионите откако вечерва со 2:0 го совлада Реал Мадрид во реванш полуфиналниот натпревар.
Победата на Челси е сосема заслужена, тие беа подобар противник и на двата натпревари и вечерва само чудо го спаси Реал да не прими повеќе голови.

– Ја заслуживме победата. Во првото полувреме ни беше тешко бидејќи Реал имаше поголем посед на топката и не натераа да патиме. Сепак, бевме опасни во контрите и не ги загубивме „конците“ во одбраната. Потоа заигравме уште подобро во одбраната, додека во нападот бевме фантастични. Требаше да постигнеме уште неколку голови и порано да го обезбедиме финалето. Сепак, сега не е време за критики, ова е фантастично достигнување и им честитам на моите играчи – изјави Тухел.

Поврзани вести

ВИДЕО: Шведска од пенал до прва победа на Евро 2020

Слободен печат

Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Слободен печат

Фудбалерите од Букурешт се преселија во Амстердам

Слободен печат

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Слободен печат

Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

Слободен печат

Што не очекува денеска на Евро 2020: Хрватска оди на сè или ништо

Слободен печат

Остави Коментар