Трошоците за живот лани зголемени за 9,4 проценти

Пазарење производи во маркети на каса / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Трошоците за живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за седум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент.

Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 проценти, ресторани и хотели за 12,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти….

Намалувањето има кај свежото и разладеното овошје, рибата и морските плодови, течните горива за домаќинствата, услугите за сместување, парамедицинските услуги, растенијата и цвеќињата, малите електрични апарати за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства,….

Кај цените на мало, пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 12,5 проценти, Пијалаци за 9,7 проценти, Земјоделски производи за 8,5 проценти, Услуги за 6 проценти и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5,3 проценти.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците за живот се зголемени за 3,6 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот