Тројно убиство во Шкотска: Полицијата гледа поврзаност, но не и елементи на тероризам

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Смртта на три лица во болница во Килмарнок, Шкотска и во нејзината околина има меѓусебна поврзаност, соопшти денеска локалната полиција. Како што е наведено, жена на возраст од 39 години, за која се верува дека била медицинска сестра и која синоќа околу 19:45 часот била пронајдена во тешка состојба на паркингот на Универзитетската болница Кросхаус, починала на самото место и покрај медицинската интервенција, јави „Гардијан“.

Само 20 минути подоцна, друга жена (24), била прободена со нож во градот Ејршајр и однесена во болницата Кросхаус каде подоцна починала.

Набргу потоа загина и лице кое, управувајќи автомобил, удри во надвозник во близина на автопатот. Полицијата верува дека инцидентите се поврзани, но и дека немаат никаква врска со тероризмот.

Шефот на шкотската полиција Фарок Хусеин изјави дека неколку места се блокирани додека полицијата го истражува случајот.

– Работиме да утврдиме што точно се случило. Ако некој има информации, нека каже. Луѓето се шокирани од она што се случи. Сè уште сме во процес на утврдување на фактите. Сакам да кажам дека сега нема опасност по заедницата. Поставивме патроли низ градот и секој што е загрижен од одредена причина може да контактира со полицијата, рече Хусеин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот