Трочањи: Проширувањето и соседството ги имам далбоко во срцето

Проширувањето и соседеството се темите што ги имам длабоко во моето срце и е голема чест за мене, порача Ласло Трочањи, предложениот комесар за проширување на Европската унија на средбата со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, а неговиот домаќин, од своја страна, истакна дека Грција има цврсти и јасно европски позиции за проширувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот унгарски министер на средбата во претседателската палата во Атина, истакна дека Европската унија е „голема љубов“, а објасни дека иако постојат земји што сакаат да ја напуштат унијата, сепак има и такви кои сакаат да станат членки.

– Не треба да заборавиме дека постојат земји кои посакуваат да ја напуштат ЕУ, како што е bрегзит, кое сите знаеме што значи. Постои една земја која ја напушта Европската унија, за жал постои ова, но постојат и други земји кои сакаат да влезат во Европската унија. Ова е нешто што го имам длабоко во срцето и многу ќе работам за тоа – порача Трочањи.

Прочитајте и...  ШИРЕЊЕ ПАНИКА ИЛИ ОСНОВАНО СОМНЕНИЕ? Сенатор од САД со своја теорија за потеклото на коронавирусот (ВИДЕО)

-Сакам да ве уверам дека позициите на Грција за прашањата со проширувањето се цврсти и јасно европски. Ова значи дека сме наклонети кон сите земји кои што сакаат да се интегрираат во Европската унија. Но, за ова постои еден неопходен предуслов, да се целосно подготвени за да можат целосно да го почитуваат европското законодавство, рече грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

Тој додаде дека ова се однесува и на почитувањето на европското и меѓународното право, но и на одредбите што се однесуваат на почитувањето на човековите права.

-Едно е сигурно и мислам дека за ова ќе се согласите, дека Европа не може да прави чекори назад за да чека други. Европа треба да оди напред и оние кои што се во позиција и сакаат да стигнат на овој пат, Европа секогаш ќе биде отворена. Но, отстапки во однос на критериумите за интеграција на земји во ЕУ, не може да постојат, порача Павлопулос.

Прочитајте и...  Шпанија ќе поддржи отворање на преговорите со ЕУ во март, наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Прочитај повеќе

Европската комисија ја претстави дигиталната стратегија

Слободен печат

МВР ги уапси возачите на камионот и сопственикот на магацинот каде е пронајден кокаинот

Слободен печат

Заев: Нема црна кампања, граѓаните заслужуваат да се води позитивна кампања

Слободен печат

Заев: Транспарентни сме во маркетиншкото рекламирање во сите медиуми

Слободен печат

Во оваа земја во САД 30 000 луѓе живеат во полигамијa, повеќе не е нелегално

Слободен печат

Спиропали: Господ нека му помогне на Илир Мета

Маријана Митровска

Остави Коментар

2 + пет =

Прочитај повеќе

Две лица починаа во Иран, денеска им беше потврден коронавирусот

Слободен печат

Колку кокаин заплени МВР? Македонија била крајна дестинација

Слободен печат

Пленковиќ: Ако обвинителот Јелениќ не поднесе оставка, ќе го разрешиме

Слободен печат

Шентоп: Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија

Слободен печат

МАЖИ СО ПУШКИ И ЖЕНИ СО МАРАМИ ВО БАЗЕН: Политичари под кривичен прогон за расистичка боенка

Слободен печат

Георгиева: Коронавирусот е сериозна неизвесност со која се соочува глобалната економија

Слободен печат