Триумф на Работнички, Гостивар го растури Кожув

Убедлив триумф на Работнички/ фото: КФСМ

Кошаркарите на Работнички со 97:81 го совладаа Куманово во рамки на 11 коло од првата кошаркарска лига. Клучен момент за триумфот беше третата четвртина која тимот од Градски парк ја доби со 31:13 по што рутински ги одработи последните 10 минути од натпреварот.

Мустафица со 24 и Пол со 23 поени беа најдобри кај Работнички, додека кај Куманово се истакна Абром со 19 постигнати поени.

Убедлив триумф оствари и тимот на Гостивар кој со 97:68 го победи Кожув. Домаќинот немаше никакви проблеми против Кожув, по израмнетата прва четвртина (24:22), во втората предноста на Гостивар стана двоцифрена (45:35) за во второто полувреме да се зголемува за убедлив триумф од 31 поен разлика.
Тодоровиќ со 28 поени и 9 скока беше прво име кај Гостивар, додека Симоновски со 16 поени се истакна кај Кожув.

Претходно, уште поубедлив триумф оствари Еуро Никел кој со 101:46 ги совлада Ангели, додека Феникс како гостин со 71:69 го победи вториот тим на МЗТ Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот