Триумф на Хамилтон на 1.000 трка во Формула 1
Луис Хамилтон ја оствари втората победа сезонава во Ф1 шампионатот и 75. во кариерата откако беше најбрз на патеката во Шангај која се возеше за Големата награда на Кина. Најблискудо Хамилтон беше неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, а место на победничкиот подиум се најде уште и за возачот на Ферари, Себастијан Фете л.
Јубилејната 1.000 трка не донесе премногу возбудувања, дилемите околу победникот беа решени уште на првиот свиок во кој Хамилтон успеа да го претекне Ботас, веднаш направи солидна предност и до послениот круг немаше потреба да погледнува во ретровизорот бидејќи на крајот предноста изнесуваше 6.5 секунди, а речиси индентична разлика имаше и Ботас пред Фетел кој пак имаше тимска помош.
Имено во 11. круг од Ферари му наредија на вториот возач Шарл Леклерк да го пропушти Фетел на третата позиција бидејќи има темпо идентично на лидерот Хамилтон. На крајот Леклерк кој не смееше да го претекне Фетел, ја загуби четвртата позиција од Макс Верстапен.
По три трки, лидер во генералниот пласман е Хамилтон до 68 бодови, три повеќе од Ботас, а трет е Верстапен со 39 бодови.