Три­ко­ви за мрзливи: Чистење на нај­брз и нај­ле­сен на­чин

Би­ло да ста­ну­ва збор за ми­е­ње на са­дови, бри­ше­ње на пра­ши­на или од­ржу­ва­ње на апа­ра­ти­те во до­ма­ќинството, чис­те­ње­то мо­же да би­де мно­гу на­порно. До­кол­ку  баш и не са­ка­те многу да по­ми­ну­ва­те вре­ме од де­нот во чис­те­ње и сме­та­те де­ка жи­во­тот ви е премногу вре­ден за да го по­ми­не­те со кр­па во рака, зе­ме­те ги пред­вид след­ни­те „три­ко­ви за мрзливи“.

Пра­шина

На­мес­то со обич­на крпа, пра­ши­на­та од пов­рши­ни­те во до­мот от­стра­ну­вај­те ја со влаж­ни ма­ра­м­чиња. На тој на­чин ќе заш­те­ди­те време, за­тоа што по­ра­ди влаж­нос­та на ма­ра­м­чето, ќе се со­бе­рат и нај­сит­ни­те зрнца на пра­ши­на, а пов­рши­ните ќе ми­ри­са­ат мно­гу убаво.

Осве­жу­ва­чи на прос­то­рот

Овој трик е иде­а­лен за си­те оние што користат кли­ма уред во домот. На­мес­то кла­си­чен ос­ве­жу­вач на прос­то­рот во вид на спреј или пак елек­три­чен, упот­ре­бе­те ми­рис за ав­то­мо­били. Ста­ве­те го на кли­ма уре­дот, и се­ко­гаш ко­га ќе го вклу­чите, ва­ши­от прос­тор ќе ми­ри­са из­вон­редно.

Играчки

Нај­мно­гу бак­те­рии во до­мот мо­жат да се нај­дат на дет­ски­те иг­рач­ки, но и на иг­рач­ки­те на ва­ши­те до­маш­ни ми­ле­ни­чиња. Овој проб­лем нај­лес­но мо­же да се ре­ши до­кол­ку иг­рач­ки­те ги на­ре­ди­те во ма­ши­на за ми­е­ње са­до­ви и ги оставите да се исперат на по­ви­со­ка тем­пе­ра­тура. Оваа по­ста­пка нај­мно­гу од­го­ва­ра за гу­ме­ни и за плас­тич­ни иг­рачки, но плат­не­ните избег­ну­вај­те да ги чис­ти­те на овој на­чин.

Мик­роб­ра­но­ва печка

До­кол­ку са­ка­те да нап­ра­ви­те це­лос­на де­зин­фек­ци­ја на ва­ша­та мик­роб­ра­но­ва печка, единстве­но што ви тре­ба е еден ке­ра­мич­ки сад во кој ќе има­те ставено еден де­ци­ли­тар ал­хо­хо­лен оцет. Ста­ве­те го са­дот во мик­роб­ра­но­ва­та печка, вклу­че­те ја на 10 ми­ну­ти на нај­ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра и со тоа проб­ле­мот ќе би­де ре­шен.

Блен­дер

Не­мој­те да че­ка­те ос­та­то­ци­те од овош­је­то и од зе­лен­чукот да се су­шат во блен­де­рот. Вед­наш по­сле ко­рис­те­ње­то во блендерот ста­ве­те вре­ла во­да и до­да­де­те де­тер­гент за ми­е­ње са­дови. Вклу­че­те го блен­де­рот и тој са­ми­от ќе си се из­мие. Ва­ше ќе би­де са­мо да го ис­плак­не­те со чис­та вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот