Трифонов: Северномакедонци, со омразата кон нас, се горите самите себеси

Слави Трифонов/ Фото: МИА

Лидерот на бугарската владејачка политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, се огласи преку Фејсбук, откако се појави информацијата дека пејачот Ламбе Алабаковски е осомничен за палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од целиот овој гнасен случај, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна поука. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо, што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се горите самите себеси, напиша Трифонов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот