Триесетдневен притвор за лицата кои превезуваа 27 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Осомничените на 8 декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 26.980,00 грама, спакувана во 27 најлонски пакувања ставени во две патнички торби. Тие дрогата ја презеле во Република Албанија од засега непознати лица и тргнале во правец од Корча кон Гевгелија за да ја предадат дрогата на засега непознати лица во Република Грција, а за превозот на дрогата договориле надомест во висина од  2500 евра. Осомничените биле забележани од полициски службеници, кои поради сомнение започнале да го следат возилото. Осомничените откако ги забележале полицајците, започнале да бегаат со возилото, но биле сопрени од овластените службени лица при обид да се  исклучат од магистралниот пат Ресен – Битола кај с. Кажани- стои во соопштението од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот