Три пациенти заразени со коронавирус синоќа починаа во велешката болница

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

Вчера вечерта починаа уште тројца пациенти заразени со коронавирус на инфективното одделение во Велешката болница, пренесува СДК.

Двајца од пациентите се од Градско, мажи на 65 годишна возраст и на 79 години, а еден од починатите е 89-годишен маж од Велес.

Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Во претходните 24 часа починаа уште тројца пациенти во велешката болница, како последица од компликации настанати од заразата со ковид-19.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на вчерашната прес-конференција информираше дека во Општина Велес од вчера има еден болен од јавната администрација кој се наоѓа во велешката болница, еден има симптоми и чека резултати од тест, а еден е во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот