Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти во велешката болница, како последица од компликации настанати од заразата со ковид-19.

Вечерва почина 65  годишен пациент на инфективното одделение во велешката болница, пренесува порталот Велес365.

Пациентот е од Градско, а бил примен денеска утринава со симптоми на зараза со ковид-19, но заразата не е потврдена. Во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти во велешката болница, како последица од компликации настанати од заразата со ковид-19.

Починати се еден маж на 62-годишна возраст и жена на 62-годишна возраст за која известивме вчера. Почина и пациент на  69 години од Свети Николе.  65  годишниот пациент од Градско е 4-ти пациент кој почина во велешката болница во последните 24 часа.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешниот прес информира дека во Општина Велес од вчера има еден болен од јавната администрација кој се наоѓа во велешката болница, еден има симптоми и чека резултати од тест, а еден е во изолација.

Претходно заболениот од јавната администрација на Општина Велес  се излекувал и веќе е на работа, информира Коцевски.

-Го чекаме записникот од синоќешната седница на Владата во врска со работата на општинската администрација, имаме три модели меѓу кои треба да бираме или ќе ги комбинираме. Дополнително ќе донесеме одлука на кој начин ќе продолжи понатаму да работи општинската администрација, најави Коцевски.
Во ЈЗУ Општа болница има позитивни три медицински сестри од Инфективно одделение, еден од анастезиолошката служба и еден од администрација.
Во ЈЗУ Здравствен дом позитивни на Ковид-19 се две лица, а пет се во изолација, информира Коцевски.

Ковид-19 во Велес: Ученици, деца од градинка, наставници и директор во самоизолација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот