Ковид-19 во Велес: Ученици, деца од градинка, наставници и директор во самоизолација

Дезинфекција на образовните објекти / Септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Ученик од ООУ „Блаже Конески” во Велес е инфициран со ковид-19, а во самоизолација се 16 негови соученици и наставничката. Во останатите училишта и шесте клонови на ЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” нема заразени деца, но 22 се наоѓаат во самоизолација. Во моментот во велешките училишта има 20 ученици во самоизолација и две деца од градинка, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Од тие 20 ученици во самоизолација, освен 16 од ООУ „Блаже Конески”, се и уште четири ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј”.

Меѓу наставниот кадар во велешките училишта и градинката нема заразени, но затоа има заразено едно техничко лице во ООУ „Панко Брашнаров”. Поради тоа во изолација се и двајца наставници од ООУ „Панко Брашнаров” и по еден во ООУ„Блаже Конески”, гимназијата „Кочо Рацин” и во ССОУ „Коле Неделковски”. Во самоизолација е и еден директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот