Три милиони парчиња оружје има на Балканот

На балканот можат да се најдат сите видови малокалибарско и воено оружје вклучувајќи против тенковско оружје, експлозив, минофрлачи, рачни ракети ласери и лесин против авионски топови, се наведува во „Глобална иницијатива“, а ја пренесува српски Блиц.
Овие податоци ги објавија Црногорските медиуми повикувајќи се на статистиката на „Глобална иницијатива“ против транснационалниот организиран криминал објавени пред три години.
Во овие извештаји се вели дека повеќе од три милиони парчиња незаконско оружје се наоѓа во шест балкански земји. Во просек тоа е 30 парчиња на 100 жители.
Истражувањата за малокалибарско оружје покажува дека во 2017 година Србија и Црна Гора, секоја со по 39 парчиња оружје на 100 жители се рангирани на трето место во светот и први во Европа по број на оружје во цивилен посед.
Босна и Херцеговина е на пето место во Европа и на девто во светот, Македонија е на седмо во Европа и на 13 во светот, а Косово е на 11 во европа и на 16 во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот