Три милијарди евра за спас на словенечката индустрија

Државата планира да спроведе и трет пакет мерки со кој директно ќе се помогне туризмот и угостителството.

Ако со првиот закон за ублажување на последиците целта беше да се зачуваат работните места, сега владата во Словенија го финализира текстот на новиот закон со кој се предвидува во буџетот да се инјектираат дополнителни три милијарди евра наменети директно за поддршка на индустријата, односно да се задржи ликвидноста на компаниите.

Коалиционите владини партии синоќа во Брдо крај Крањ ги договараа деталите на законот, а по состанокот партии излегоа со изјави дека се задоволни од исходот и дека предлозите на сите партнери биле земени во предвид.

Опозицијата и Синдикатите во Словенија имаа големи забелешки за првиот Закон за помош на граѓаните и работниците, а првичните најави се дека тие не се задоволни и од новиот.

Деталите за Законот набрзо ќе бидат објавени, а се знае дека ќе се подготви и трет ваков пакет помош, со кој ќе се стави посебен акцент на државната помош за секторите туризам и угостителство кои трпат огромни финансиски последици до епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот