Тренчевска ќе се фокусира на менталното здравје на младите и нивното место на пазарот на трудот

Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за „Факултети“ по повод меѓународниот ден на младите кој се одбележува на 12 август вели дека го слуша нивниот глас и промените што ги сакаат и она кое недостасува се залага да се воведе што побрзо. Според неа, најголемите промени во историјата почнуваат од идеите на младите и водат до подобро општество за сите. Во склоп на активностите на УСАИД за младите односно со оперативниот план за вработување, ќе се направи истражување за тоа какви кариери сакаат младите, кои професии ги привлекуваат и за очекувањата на младите од работодавачите.

-Наесен ќе започнам дополнителни активности за млади кои ќе ги опфаќаат нивните предизвици и во областа на менталното здравје, активацијата на пазарот на труд, промоцијата на нови вештини и несекојдневни хоби активности, затоа што знам дека секој од овие чекори ќе ме доближи уште повеќе до младите, а нив дополнително ќе ги охрабри да ги споделат своите идеи со мене, вели Тренчевска.

Таа додава дека е свесна за младинската обесхрабреност и јасно незадоволство.

-Затоа и овој период интензивно го реализираме караванот за млади „Остави трага“, на кој гласно говориме за младинска активност, активно вклучување во процесот на активација, кршење на стереотипите за пасивност и неперспективност, но и за градење на општество во кое има можности за сите, вели Тренчевска.

Караванот во 6 различни градови преку интерактивни настани исполнети со музика, уметност и театарски претстави има за цел да овозможи споделување на лични мотивирачки приказни на панелистите кои се млади лица, но и лица од јавниот и политичкиот живот.

-Младите имаат нови, современи погледи и на родителството и заедницата и токму нивната свест за вклученост во семејните обврски, желба за поминување време со своите деца исто така се темел на воведувањето на мајчинско, татковство и родителско отсуство, со кои јасно за првпат се дава можност татковците да минат загарантирано време со своите деца. Со воведувањето на овие институти отсуството за двајцата родители по раѓањето на нивното дете е вкупно 13 месеци, додава Тренчевска.

За време на летниот период младите активно се вклучуваат на пазарот на трудот.

Поради нивната проактивност, но и за сите оние кои се возрасни и сè уште активни на пазарот на труд, но по неколку часа, во финална фаза е изготвување на софтвер за лесна евиденција на вработувањето, што овозможува евиденција на секој работен час, додава министерката во интервјуто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот