Трамп на средба со сопственикот на Фејсбук: Имавме ФИН состанок

Фото: Твитер

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп, по што пратениците на американскиот Конгрес го испрашувале за пропустите на социјалните мрежи за заштитата на приватноста на корисниците.

Трамп, кој инаку повеќе пати го критикуваше Фејсбук, обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, по состанокот на Твитер поставил фотографија со Цукерберг и напишал дека имале „фин состанок“ во Овалната соба.

Фејсбук соопштил дека еден од шефовите на компанијата имал „добар, конструктивен состанок со претседателот Трамп во Белата куќа“.

Ниту една страна не ги изнела деталите на разговорот.

Компанијата Фејсбук е постојано под критики заради грешки поврзани со приватноста на корисниците, активности во врска со изборите и својата доминација во онлајн маркетингот, заради што се соочуваат со барања за воведување на повеќе правила и антимонополски истраги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот