Трамп ја загуби жалбата, ќе мора да сведочи пред судот во Њујорк

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да сведочи пред судот во Њујорк како дел од граѓанската истрага за неговиот бизнис, одлучи денеска Апелацискиот суд.

Судот го отфрли аргументот на Трамп дека треба да биде ослободен од обвиненијата бидејќи неговите одговори може да се употребат против него во паралелна кривична истрага.

Четиричлениот совет на Апелацискиот оддел ја потврди пресудата на судијата Артур Енгорон на 17 февруари, со која се потврдија повиците до Трамп и неговите две деца Иванка и Доналд да сведочат во истрагата на јавниот обвинител Летиција Џејмс.

„Уште еднаш, судовите донесоа одлука дека Доналд Трамп мора да ја почитува нашата законска истрага за неговите финансиски работи”, наведе Џејмс во изјавата, додавајќи дека судот ќе продолжи да ги следи фактите на овој случај и да гарантира дека никој не може да го избегне законот.

Истрагата откри докази дека организацијата на Трамп користела лажни или погрешни зголемени проценки на средствата за да добие заеми и даночни олеснувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот