Трамп го тужи бившиот медијатор во спорот помеѓу Скопје и Атина

Американскиот претседател Доналд Трамп ги тужи книговодствената фирма што претходно ја ангажирал, а која има намера да ги објави неговите даночни пријави за увид во повратот на данок и њујоршкиот обвинител Сајрус Венс затоа што бара обелоденување на овие документи.

Трамп изјави дека нема намера да отстапи во борбата со Венс, областен обвинител на Менхетен, кој бара објавување на даночни декларации на претседателот од последните осум години.

Како што соопшти денеска „Блумберг”, во одговор на барањето на окружното обвинителство, адвокатите на Трамп поднеле тужба против Венс од име на претседателот „за суштествени уставни прашања во тоа дело”.

Сајрус Венс кај нас е познат по неговата улога поранешен медијатор во спорот со името на Македонија помеѓу Скопје и Атина на почетокот на 1990-те години, пред да биде заменет со Метју Нимиц.

Случајот е поврзан со наводните исплати што ги направил личниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кон порно актерката Сторми Даниелс, и кон друга жена, откако тие тврдеа дека имале афера со Трамп.

Претседателот негираше дека имал афери и било каква злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот