Трајанов: Партнерите кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата

Павле Трајанов, Демократски сојуз / Утрински брифинг

Претставниците на помалите политички партии од владината коалиција очекуваат на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев да чујат кои се владините приоритети по приклучувањето на Алтернатива во Владата.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов пред почетокот на средбата изјави дека треба да се видат програмските определби на Владата. Тој вели дека се прават пошироки консултации, по што ќе се донесе некаков координиран заеднички став, но според неговите очекувања тој процес ќе трае уште најмалку месец дена.

– Демократскиот сојуз нема намера да уценува и да притиска. Сега Владата на СДСМ ќе биде малку покомотна, ќе има 64 пратеници во мнозинството, така што некои од коалициските партнери кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата, рече Трајанов, посочувајќи дека очекува да види во кои правци ќе се движи новата влада, како ќе се одвиваат разговорите со Бугарија, како и дали ќе се даде фокус на стратешките прашања.

За ДОМ, пак, како што изјави претседателката на оваа партија Маја Морачанин, важно е да се види кои ќе се програмските приоритети на новата Влада.

Претседателот на НСДП, Тито Петковски рече дека засега нема аргументи ниту „за“ ниту „против“, и додаде дека ќе даде изјава откако ќе слушне од премиерот за постигнатиот договор со Алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот