Трагичен биланс од експлозијата во Бејрут: Загинаа 135 лица, над 5.000 повредени и стотина исчезнати

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Владата, исто така, одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот.

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан изјави за телевизијата Ал-Манар дека во експлозијата во Бејрут настрадале вкупно 135 лица, а повредени се околу 5.000. Стотина луѓе се уште не се пронајдени, а се верува дека се затрупани под урнатините, најверојанто мртви.

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

„За жал, бројот на починатите по експлозијата се зголемува“, рече Хасан и додаде:

„Повредени има најмалку 5.000 и моментално примаат лекарска помош во Бејрут и надвор од градот“, рече тој.

Либан денеска прогласи вонредна состојба од две недели за градот Бејрут, по катастрофалната експлозија во вторникот во пристаништето.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Либанската Влада прогласи „вонредна состојба во градот Бејрут на две недели, изјави министерот за информации Манал Абдел Самад на прес-конференција, објаснувајќи дека „врховниот воен орган веднаш ќе биде надлежен за безбедносните прашања”.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Владата, исто така, одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот.

Не е јасно колку од нив ќе бидат во домашен притвор и какви функции извршувале.

Војската ќе проверува дали го почитуваат домашниот притвор се додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија.

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/IBRAHIM DIRANI
Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / IBRAHIM DIRANI
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот