ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Осум лица загинаа во пожар, помеѓу нив и четири деца (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Осум лица, вклучувајќи и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопштило руското министерство за вонредни ситуации.

ТАС наведува дека експертите на руското министерство за вонредни ситуации, откако извршиле увид, размислуваат дека краток спој е најверојатната причина за пожарот во зградата.

Експертите наведуваат дека е можно краткиот спој да настанал заради стари жици кои не можеле да поднесат висок напон.

„Несреќата се случила вечерта, кога сопствениците на становите и нивните гости спиеле, што довело до нивната смрт“, навеле надлежните.

Пожарот избил околу 22.30 вчеравечер на третиот кат, а пожарникарите стигнале на лице место осум минути по повикот.

Пламенот бил изгаснат околу 22.36.

Извор од локалната администрација рекол за ТАС дека во пожарот загинал обвинителот Василиј Федорчов.

„Во пожарот настрадаа обвинителот и неговата фамилија, како и фамилијата на неговата сестра“, навел изворот на ТАС.

Истрагата за пожарот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот